Официјално: Следните две кола во Шпанија без публика!

Почнувајќи од петок кога се игра дуелот Реал Мадрид – Еибар, средбите од следните две кола во шпанскиот фудбалски шампионат ќе се играат без присуство на публика. Викендов во Шпанија најинтересен треба да биде мечот на градските ривали Севилја и Бетис, но наместо полни трибини и пеколна атмосфера, за жал, ќе се игра во тишина.

Одлучено е две кола да нема публика, но тоа не значи дека секој тим ќе да игра по еднаш дома и на гости без публика. На Реал двата меча му се дома, со Еибар и Валенсија, а Атлетико има две гостувања во Баскија, кај Атлетик и Осасуна. Не само првата, туку и втората лига ќе се игра без публика. Таква беше препораката на здравствените власти.

- Оглас -

Најнови вести