Официјално: Стартот на Мундијалот е поместен за ден порано

ФИФА и официјално потврди дека Светското првенство во Катар ќе почне ден порано, на 20 ноември, а не на 21 како што беше предвидено од претходно.

Домаќинот Катар на 20 ноември во 19 часот ќе назначи старт на Мундијалот во дуелот против Еквадор. Напоредно, средбата меѓу Сенегал и Холандија е поместена за 19 часот на 21 ноември, претходно терминот во кој требаше да се одигра овој дуел беше 13 часот.

На 20 ноември ќе се одржи и церемонијата, а потоа домашната селекција ќе ги одмери силите против Еквадор. ФИФА и организаторите се одлучија за овие промени со цел луѓето во Катар да имаат повеќе простор за прослава и пречек на фудбалскиот свет за глобалниот турнир во најпопуларниот спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести