Тијаго Мота и официјално е новиот тренер на Јувентус, потврдија попладнево од клубот. Старата дама со видео на социјалните мрежи му посака добредојде на новиот тренер, кој доаѓа на местото на Масимилијано Алегри.
Мота во Јувентус доаѓа од Болоња, а претходно беше тренер и на младинците на ПСЖ, Џенова и Специја. Во играчката кариера настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и ПСЖ, каде што и се пензионира во 2018 година.
https://twitter.com/juventusfcen/status/1800933661077803028
Тијаго Мота е роден во Бразил и има само еден настап за Кариоките, а потоа продолжи да настапува за репрезентацијата на Италија, за која забележа 30 настапи.
„Многу сум среќен што започнува нова ера во мојата тренерска кариера и што ќе бидам тренер на голем клуб како Јувентус. Мислам дека сопствениците и раководството можат да бидат сигурни во моите амбиции да го вивнам Јувентус во височините на задоволство на навивачите“, рече новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота.