Официјално: Тимо Вернер е нов играч на Челзи (Видео)

Она што се најавуваше подолго време, денеска доби и официјална потврда, германскиот напаѓач Тимо Вернер е нов играч на лондонски Челзи. За 24-годишниот германски репрезентативец се интересираа и други клубови, но тој го одбра Челзи. До крајот на сезонава во Бундеслигата, Вернер останува во Лајпциг, а на новиот тим ќе му се приклучи следниот месец.

Лајпциг е тим кој игра и во Лигата на шампионите, но на мечевите во Лисабон во август, Вернер нема да биде во нивниот состав. Вернер сезонава има 32 гола и 13 асистенции на 43 меча во сите натпреварувања.

Ова е првата порака на Вернер до фановите на неговиот нов клуб:

https://twitter.com/i/status/1273546038381592577

- Оглас -

Најнови вести