Сандро Тонали од денеска и официјално е нов фудбалер на Њукасл, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Њукасл му плати на Милан 70 милиони евра отштета, а сумата може да се зголеми за дополнителни пет милиони доколку се остварат бонусите, а Тонали потпиша договор до 2029 година.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1675821832908288000?s=20
Ова е најголема сума која Милан ја заработил од продажба на фудбалер, а исто така ќе добие и 10 отсто од следната продажба на Тонали.
Фудбалерот пак стана најскап Италијанец, а досега тоа беше Жоргжињо, кој во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 58 милиони евра.