Хрватот Игор Тудор и официјално стана нов менаџер на Тотенхем.
„Со задоволство го потврдуваме назначувањето на Игор Тудор за главен тренер првиот тим до крајот на сезоната, под услов да добие работна дозвола. Игор ни се придружува со јасен фокус: да ги подобри перформансите, да испорача резултати и да нè искачи на табелата во Премиер лигата. Неговиот мандат е едноставен – да донесе организација, интензитет и конкурентска предност во тимот во одлучувачка фаза од сезоната“, објавија Петлите од Лондон.
Во англиските медиуми има многу негативни реакции, и легенди на Тотенхем сметаат дека Тудор не е вистинскиот човек, на социјалните мрежи има и шеги дека Арсенал е најсреќен со изборот на Тудор.
Игор во првата изјава откако стана тренер на Тотенхем, рече дека му е чест што ќе го преземе тимот во важен момент.
„Ја разбирам одговорноста што ми е доверена и мојот фокус е јасен. Да внесам поголема конзистентност во нашите настапи. Во овој играчки состав има силен квалитет, а мојата работа е да го организирам, да го енергизирам и брзо да ги подобрам нашите резултати“, рече Тудор кој има титула во Серија А како играч на Јувентус, а како тренер освоил само хрватски куп во 2013 година.

