Официјално: Турчинот Атаман е нов тренер на Панатинаикос

Актуелниот тренер на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, и официјално од следната сезона ќе седи на клупата на Панатинаикос, потврди првиот човек на Зелените од Атина, Димитрис Јанакопулос.

„Добредојде. Атаман потпиша“, напиша Јанакопулос на социјалните мрежи притоа објавувајќи фотографија на која се ракува со Турчинот.

Грчките медиуми уште вчера објавија дека Атаман ќе потпише двегодишен договор и ќе добие голем буџет за да состави тим со кој ќе се обиде да ја освои титулата во Евролигата и да ја прекине домниацијата на Олимпијакос во грчкиот шампионат.
Ергин Атаман во последните две сезони со Анадолу Ефес триумфира во Евролигата, но оваа, не успеа да обезбеди пласман во четврфиналето.

- Оглас -

Најнови вести