25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Официјално: Уште еден македонски репрезентативец потпиша за Сараево (Фото+Видео)

Репрезентативецот на Македонија, Агон Елези, одлучи да си замине од Бохум и во следните три сезони да го носи дресот на еден од најпознатите босански клубови, Сараево. Елези за соиграч ќе го има Стефан Ристовски, а од неодамна спортски директор во Сараево е Крсте Велкоски.

24-годишниот фудбалер од средниот ред за репрезентацијата на Македонија има настапено на 12 натпревари, а во клупската кариера освен за Бохум, играше и за Горица, Вараждин, Скендербег, Влазрими и за младинците на француски Кан.

Елези потпиша договор со Сараево до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести