Официјално: Вардар го доби мечот во Кавадарци со службен резултат

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија и официјално го регистрира прекинатиот натпревар помеѓу Тиквеш и Вардар со службен резултат 0-3, во корист на гостинската екипа. Со оглед на тоа дека се случи инцидент, теренот на Тиквеш автоматски е суспендиран сè до донесување конечна одлука, а сега на потег е дисциплинската комисија на ФФМ, која треба да одлучи за видот и висината на казните.

Натпреварот беше прекинат во 96-тата минута, откако вториот помошен судија, Гоце Петрески, беше погоден со тврд предмет од трибините. Во моментот на прекинот, резултатот беше 0-1 во корист на Вардар, а инцидентот се случи кога на Тиквеш му беше поништен погодок за 1-1 откако токму Петрески сигнализираше недозволена офсајд-позиција.

- Оглас -

Најнови вести