Официјално: Васоски се врати во Академија Пандев

Александар Васоски е старо-нов тренер на Академија Пандев. Популарниот Тетовче беше тренер на клубот од Струмица пред Ѓорѓе Стојчев, кој си поднесе оставка.

По заминувањето од Сараево, Васоски одлучи да се врати во добро позната средина, каде работеше од декември 2020 до јануари 2022 година, а најголем успех му беше пласман во финалето на Купот.

Пандевци се наоѓаат на петтата позиција по шест одиграни кола во новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, со биланс од две победи, едно реми и три порази.
- Оглас -

Најнови вести