Тимо Вернер и официјално го комплетира камбекот во Лајпциг по две години настапувајќи за Челзи. Сумата на трансферот се покажа дека е поевтина од најавените 30 милиони евра, односно на Сините им се гарантирани 20 милиони евра, а останатиот дел ќе го добијат во одредени бонуси.
https://twitter.com/RBLeipzig/status/1557041589951791105
Вернер во дресот на Црвените бикови ќе настапува во наредните четири години, потпишувајќи го договорот кој важи до јуни 2026 година. На „Ред бул арената“ ги пружи своите најдобри партии во кариерата, Вернер забележа учинок од 90 гола и 40 асистенции во 156 настапи, по што го заслужи 53-милионскиот трансфер во Лондон.
За Челзи не се прослави, но замина со освоена титула во Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп, како и Светско клупско првенство за две сезони минати на „Стемфорд бриџ“.