Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград објави дека се разделува со тренерот Владан Милојевиќ.
Еден ден по победата над Младост Лучани од 4-0 на крајот на полусезоната по која Ѕвезда има еден бод помалку од Партизан, но и одлична шанса да избори пласман во нокаут фазата од Лига Европа, клубот објави разделба со досегашниот тренер кого на клупата речиси сигурно ќе го наследи Дејан Станковиќ.
„Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста дека договорот со Владан Милојевиќ е раскинат со меѓусебна согласност. Од денес тој повеќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на нашиот клуб.
Владан Милојевиќ се збогуваше со играчите, тренерскиот штаб и сите вработени во клубот, со зборови на искрена благодарност и силни емоции што го одбележаа неговото заминување. Од првиот до последниот ден, Милојевиќ покажа што значи вистинска лојалност кон Црвена ѕвезда – тој секогаш беше тука кога на клубот му беше најпотребна, подготвен да преземе одговорност, да застане пред тимот и да ја предводи Ѕвезда со вера, смиреност и сила.
Со својата работа, посветеност и резултати, Владан Милојевиќ засекогаш влезе во историјата на Црвена ѕвезда. Под негово водство, клубот постигна голем успех, сруши бројни рекорди и ја врати Ѕвезда таму каде што припаѓа – на европската фудбалска мапа. Она што го прави посебен е фактот што во двата мандати успеа да разбуди силна емоција кај навивачите, да ја врати нивната вера, гордост и чувство на заедништво што ја прави Црвена ѕвезда единствена.
Навивачите засекогаш ќе му бидат благодарни на Владан Милојевиќ за сите моменти на среќа, радост и гордост што им ги подари, за европските ноќи што ќе се паметат и за насмевките што се родија на трибините на „Маракана“.
Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда изразува огромна и искрена благодарност до Владан Милојевиќ за сè што даде на клубот, за секој момент на борба, за секој успех и за секоја емоција што ја сподели со црвено-белото семејство.
Вратата на Црвена Звезда секогаш ќе биде отворена за Владан Милојевиќ, бидејќи некои луѓе не се само дел од историјата на клубот – тие се дел од неговата душа.
Ти благодариме Милоје!“, се вели во соопштението.
Само неколку минути подоцна, се огласи и Владан Милојевиќ со кратка порака на веб-страницата на клубот.
„Ѕвезда, ти благодарам! Те сакам“, рече најуспешниот тренер на Црвена Звезда на овој век.
Милојевиќ се врати на клупата на Црвена Звезда во 2023 година и освои две двојни крунибелите, обезбеди место во Лигата на шампионите и, со 10 бода во Лига Европа, го остави српскиот шампион во одлична позиција напролет да продолжи во Европа.te

