Репрезентациите на Италија и Аргентина ќе ја имаат честа да бидат први кои ќе играат Интерконтинентален куп за национални тимови. Идејата која потекна уште летоска, доби и потврда, таков меч за првпат ќе има во јуни 2022, најверојатно на „Вембли“ во Лондон.
Првично се спомнуваше стадионот на Наполи поради Диего Марадона, но во иднина нема во Интерконтиненталниот куп да играат тие две селекции, па затоа ќе се одбере некој друг, неутрален терен.
Победникот нема да биде нарекуван светски првак, како што беше во клупскиот Интерконтинентален куп кој се играше во минатото, пред ФИФА да воведе Светско клупско првенство со шампиони од сите континенти, но, секако, ќе биде престижен меч кој ќе предизвикува внимание. Италија по 52 години стана европски владетел, додека Аргентинците чекаа 28 години пред летоска конечно да се искачат на тронот во Јужна Америка.