3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Официјално: Заврши соработката помеѓу Челзи и Мареска

Соработката помеѓу Челзи и Енцо Мареска и официјално заврши на првиот ден од новата година. Лошите резултати на последните натпревари, пред се во Премиер лигата, без пресудни за ваквата одлука.

„Сините“ на последните седум меча од Премир лигата освоија само седум од можните 21 бод и веќе имаат заостанување од 15 бода позади лидерот Арсенал.

Мареска во Челзи пристигна во јули 2024 година и со „сините“ ги освои Конференциската лига, но и Светското клупско првенство. Сепак, ниту тоа не беше доволно да го одработи договорот до крај, односно до 2029 година.

Италијанецот претходно ги водеше Лестер, Парма и екипата на Манчестер сити до 23 години, а беше дел од стручните штабови во Манчестер сити, Вест хем, Севиља и Асколи.

- Оглас -

Најнови вести