Португалскиот интернационалец Жота е нов фудбалер на Ал-Итихад од Саудиска Арабија, објавија вечерва од клубот. Тој од екипата на Селтик прави трансфер вреден 29 милиони евра, а ќе заработува по 12 милиони евра во следните три години.
Жота со 24 години е една од најмладите фудбалски ѕвезди кои ова лето се преселија на Блискиот Исток, а одличен бизнис направи и неговиот досегашен клуб. Селтик го купи од Бенфика само пред една година за 7,5 милиони евра, неговата цена порасна на 13 милиони евра по одличните игри во шкотското првенство, а сега го продадоа за 29 милиони евра, односно четирикратно повеќе од тоа што го купија.
https://twitter.com/ittihad_en/status/1675966615656046594?s=20
https://twitter.com/ittihad_en/status/1675968420804804609?s=20