Манчестер јунајтед минимално со 1:0 го победи Вест хем на „Олд Трафорд“, а голот за победа на домаќините беше постигнат во последните секунди од мечот. Црвените ѓаволи изведоа одличен контра напад и по додавање на Кавани, Рашфорд погоди за голема радост на „Олд Трафорд“.
Судијата мораше да се консултира со ВАР собата, затоа што гостите веруваа дека Кавани бил во офсајд позиција. Сепак, по направената детална проверка, се гледа дека ногата на еден од гостинските дефанзивци беше клучна за Уругваецот да биде во дозволена позиција.