Венеција славеше со 2-1 против Каљари, но натпреварот го одбележа еден од најконтроверзните моменти оваа сезона во Серија А, кога голот на Гаетано Ористанио беше поништен поради офсајд, кој речиси беше невидлив со голо око.
Ситуацијата се случи во второто полувреме, при водство на Венеција од 1-0. Ористанио ја затресе мрежата на гостите, но по интервенцијата на ВАР и полуавтоматската офсајд-технологија беше утврдено дека неговиот соиграч Жоел Похјанпало, кој асистираше, бил во минимален офсајд. Петицата од неговата копачка била зад последниот дефанзивец на Каљари.
#VeneziaCagliari |Incredibile a Venezia: Il 2-0 di #Oristanio viene annullato per un tacchetto di #Pohjanpalo! Cosa ne pensate? pic.twitter.com/XDEW5YgM30
— Gianpaolo Calvarese (@Calvarese_) December 22, 2024
Иако „замрзнатиот“ кадар ја откри точноста на офсајдот, ваквата ситуација ја потенцира улогата на технологијата во модерниот фудбал бидејќи беше речиси невозможно да се забележи со човечко око.
За среќа на Венеција, дефанзивецот Марин Шверко успеа да постигне втор гол за домаќините и донесе триумф.