Огнен Стефановски со прескокнати 4.05 метри на тимското Европско првенство трета дивизија, постави нов македонски рекорд во скок со стап. Така Стефановски конечно го урна еден од најстарите атлетски рекорди во Македонија, кој траеше дури 57 години.
Претходниот рекорд поставен во далечната 1968 година го поставил Владимир Карер.
Ова е скокот на Стефановски кој му донесе петто место на третолигашкото екипно ЕП и со кој постави државен рекорд кој се надеваме дека наскоро ќе биде и подобрен: