Огномет на „Ванда“: Атлетико и Леванте постигнаа три гола за пет минути

Атлетико Мадрид во овие моменти води со 2-1 против Леванте на стартот од вториот дел од сезоната во Ла Лига. Вистински новогодишен огмонет се случува на „Ванда метрополитано“, трите подогоци се постигнаа во период од пет минути и тоа пред 20-тата минута од средбата.

Кореа отвори во 13-тата минута, а само четири минути подоцна гостите израмија преку Роџер. Фештата не застана таму, Јорганџиите веќе во следниот напад дојдоа до ново водство преку Фелипе.

Ваква голгетерска серија ретко се случува во дуели во кои игра тимот на Диего Симеоне, но како се одвива натпреварот се очекуваат уште голови.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести