Ограбен домот на најпознатата фудбалска двојка

Најпознатата фудбалска двојка во светот, членовите на Јувентус, Даглас Луиз и Алиша Леман, синоќа се соочија со непријатно искуство откако дознаа дека биле ограбени.

Луиз настапи за Јувентус на натпреварот против Лацио (1-0), по што отишол на вечера, додека Леман била во карантин пред денешниот дерби меч на женскиот тим на Јувентус против Интер.

Околу еден часот по полноќ се активирал алармот во нивниот дом, а кога се вратиле, ги затекнале последиците од кражбата. Крадците украле 11 часовници од Алиша, вредни околу 500.000 евра, како и неколку дијамантски ѓердани.

Полицијата и форензичарите веднаш излегле на терен за да соберат докази. Даглас Луиз и Алиша Леман не се првите играчи на Јувентус кои биле жртви на кражба, бидејќи претходно и Моисе Кин, Кајо Жорге и Анхел Ди Марија исто така се соочиле со слични инциденти.

Даглас Луиз и Алиша Леман се приклучија на Јувентус минатото лето од Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести