Ограбен станот на Перишиќ во Милано

Се појави непосакуван проблем за фудбалерот на Интер Иван Перишиќ, кој не е од фудбалска природа. Имено, неговиот стан во Милано бил ограбен, а на Хрватот му недостасуваат три часовници во вредност од 70.000 евра. Грабежот се случил за време на репрезентативната пауза, во кога Перишиќ беше дел од хрватската репрезентација за квалфикациите за ЕП 2020.

Италијанските медиуми пренесуваат дека поголемиот дел од вредните предмети на фудбалерот биле на место, освен часовниците, додека сторителите засега остануваат непознати. Луксузниот стан на Перишиќ се наоѓа во центарот на Милано, а очигледно сторителите ја следеле ситуацијата и знаеле дека Хрватот нема да биде дома во тој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести