Ограда и обезбедување за Ибра додека не останал без нога

Откако Златан Ибрахимовиќ стана сопственик на клубот Хамарби, навивачите на Малме никако не може да се помират со тоа, па нивна постојана цел е статуата на Златан која се наоѓа во неговиот роден град, каде што ја почна кариерата и каде што беше најомилен лик до неодамна.

Изминатиот период на разни начини се оштетуваше статуата на Ибрахимовиќ, имаше обиди за палење, а откако некои вандали околу главата ставија јаже за бесење и се обиделе со моторна пила да ги исечат нозете, властите во Малме одлучија да стават заштитна ограда околу статуата. Засега статуата е сигурна и нема да падне.

Се појави можност статуата да биде преселена во главниот град Стокхолм, но во Малме не дозволуваат такво нешто. Навивачите на клубот Малме бараат да се подигне статуа на Маркус Розенберг, кој неодамна ја заврши кариерата. Статуата на Розенберг би била поголема од таа на Ибра, а веќе се собираат пари за нејзина изработка.

- Оглас -

Најнови вести