Од вторникот до денеска голем број играчи типуваа на 13-те пара од основната понуда на една од омилените бесплатни игри за обложувачите во Sport Life, Спортска прогноза, која стартува со нова сезона.
Лондонското дерби помеѓу Арсенал и Челзи е во центарот на вниманието, а според процентите на обложувачите кои досега типувале, голем фаворит се Сините, за чија победа прогнозирале над 76 отсто од играчите.
И во новата сезона ќе има многу награди, за секое коло премијата е прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“, што е убав предизвик за учество во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија во континуитет веќе четврта година по ред. За да добиете „ајфон“, потребно е да се погодат исходите на сите 13 меча. Се наградуваат и утките. Со еден промашен пар наградата е ваучер во Sport Life во вредност од 1.000 денари, а со 11 погодени парови ве очекува ваучер од 500 денари.
Сè што е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life, која е бесплатна и може да се добие во кус рок во уплатните места на Sport Life.
Првото коло стартува во сабота, во 15.30 часот, и тоа е терминот до кога ќе можете да се вклучите со вашите прогнози. Во сабота има шест натпревари, во недела пет, а во понеделник се завршните два дуели од првото коло на Спортска прогноза.
Треба да се погодуваат и резервните парови бидејќи и тие се земаат предвид во Генералниот пласман. За најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот од сезоната следува Смарт телевизор од 48 инчи.
Четвртата сезона на Спортската прогноза започна, прогнозирајте уште од првото коло, редовноста се исплати.