Огромен гаф: Натпреварувачка во квиз одговори дека првак на Италија била – Нигерија! (Видео)

Навивачите на Наполи се во шок, не веруваа дека во Италија има луѓе кои не знаат дека нивниот омилен клуб беше шампион во минатата сезона.

На еден квиз, натпреварувачка, која очигледно не следи спорт, направи огромен гаф.

„Кој го освои Скудетото во фудбал во Серија А во 2023 година?“, беше прашањето, а како помош, натпреварувачката доби прва буква Н, последна И.

Кога се очекуваше таа да каже Наполи, како од пушка рече: „Нигерија“.

Нигерија е држава во Африка, не постои фудбалски клуб во Италија со такво име, а и во зборот Нигерија последната буква не е И.

- Оглас -

Најнови вести