4.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Огромен триумф на Шкендија, кој носи надеж за европска пролет и подобар рејтинг на македонскиот фудбал

Шкендија забележа импресивна победа во Конференциската лига. Македонскиот првак го совлада словачкиот Слован Братислава со 2-0 на домашен терен, скокна во плеј-оф зоната и има реални шанси да се пласира во следната фаза од третото натпреварување на УЕФА. Со оваа победа, Шкендија обезбеди дополнителни 400.000 евра од УЕФА и ја подобри позицијата (во моментов 46-то место) на Македонија на УЕФА-листата.

Фудбалерите на Шкендија одиграа моќно против ривалот од Словачка кој дојде во Скопје со многу проблеми и повредени играчи. Групната фаза во Конференциската лига пред својата публика, Шкендија ја завршува без пораз, со две победи и едно реми. Во последното коло, Шкендија гостува кај АЕК Ларнака.

Натпреварот започна доминантно за Шкендија, која вршеше континуиран притисок пред голот на Слован. Во првиот дел беа постигнати двата гола.


Во 33-тата минута, по корнер, Бајриќ постигна автогол, предизвикувајќи радост за Шкендија. Потоа, Роналдо Вебстер повлече контранапад и несебично асистираше до Себастијан Спахиу, кој го зголеми водството на 2-0 пред паузата.


Вториот дел беше тактички одработен од Шкендија, Слован буквално и да не создаде шанса пред голот на Гаје, а сите обиди завршија надвор од рамките на голот.

- Оглас -

Најнови вести