Огромна чест – Перо Антиќ номиниран за место во тимот на деценијата во Евролигата!

Единствениот македонски кошаркар кој настапуваше во НБА-лигата и единствениот кој освои три шампионски трофеи во Евролигата, Перо Антиќ, е номиниран меѓу 50-те кошаркари кои се во конкуренција за најдобриот тим на декадата во најсилното европско клупско натпреварување.

Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија стигна до шампионскиот пехар во 2012 и 2013 со Олимпијакос и во 2017 со Фенербахче.

Антиќ во 2011 година се врати во Евролигата по шест години пауза и веднаш придонесе за Олимпијакос да го освои посакуваниот трофеј по цели 15 години чекање. Потоа тимот од Пиреја успеа и да го одбрани пехарот. Потоа Перо премина во НБА, а во 2016 година се врати во Европа, поточно во Фенербахче, и загуби финале од ЦСКА. Но, во 2017 година во финалето го совлада неговиот поранешен тим Олимпијакос.

Само четворица кошаркари имаат три европски титули во последните десет години. Антиќ стави крај на богатата кариера во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести