Младите македонски ракометари на возраст до 20 години го декласираа Косово со 51:29 на Европското првенство од Б дивизијата.
Нашите таленти почнаа фуриозно и веќе на стартот имаа предност од 5:0, а разликата постојано растеше.
Разликата и во квалитет беше очигледно на страната на македонските репрезентативци, кои до врв ја наполнија мрежата на Косово.
По првото полувреме имавме 10 гола предност, 21:11, а најголемата разлика достигна и 24 гола во наша корист, во самиот финиш кога водевме со 50:26.
За нас ова е прва победа во второто коло во фазата по групи, откако на стартот ремизиравме со Украина, 23:23.
Следниот меч ќе го играме со Романците за три дена. Само двете првопласирани селекции од групите ќе имаат шанса да играат во полуфиналето и да останат во битка за пласман во А дивизијата.