Огромна е разликата во заработката на клубовите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа

Лондонски Тотенхем ја освои Лигата на Европа, кое е второ по квалитет клупско натпреварување во Европа, а освен пехарот, заработи и доста пари, но таа сума е помала од заработката на некои клубови кои не ја минаа ни лигашката фаза во Лигата на шампионите или не стигнаа ни до осминафиналето на елитното натпреварување.

Разликата е драстична, а Тотенхем со победата во ЛЕ обезбеди место во ЛШ во следната сезона и тоа најверојатно за нив ќе значи и поголема заработка.

ПСЖ со 136,9 милиони е прв според заработката од европските купови, а над 100 милиони од УЕФА како награди заработија и Интер, Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Ливерпул, кој беше прв во лигашката фаза, а испадна во осминафиналето, заработи 98,1 милиони. Тотенхем како најуспешен тим во ЛЕ заработи „само“ 45,4 милиони евра, а финалистот Манчестер јунајтед 36,4 милиони.

Постои голема разлика и во споредба со Конференциската лига. Победникот на тоа натпреварување, Челзи, заработи „скромни“ 22 милиони евра. Повеќе пари од Челзи заработија 35 од 36-те тима коишто играа во ЛШ и седум тима од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести