Огромна квота Винисиус да даде гол и Реал да слави, Арсенал треба да продолжи да победува

Спектакуларни мечеви се очекуваат вечерва во Лигата на шампионите, а за два од нив има специјална понуда. Реал Мадрид и Манчестер сити е дербито на денот, а гостите се во улога на фаворити. Ерлинг Халанд е главен фаворит за стрелец на првиот гол и воопшто да даде погодок вечерва на „Сантијаго Бернабеу“. Кај Реал Мадрид први опции за стрелци се Гонзало Гарсија и Винисиус јуниор. Комбинацијата Реал да победи, а Винисиус да даде гол е со квота 6.

Во последните четири години овие два тима одиграа деветпати и просекот е над три гола на меч, што значи дека треба да очекуваме ново шоу на стадионот во Мадрид. Тука се и опциите за бројот на жолти картони, изведени корнери, направени фаули, доделени жолти картони, упатени шутеви во рамките на голот…

Ќе биде интересно и во Германија, каде што Баер Леверкузен го пречекува Арсенал. Топчиите имаат историска ЛШ победувајќи во сите осум меча во групната фаза, па јасно е и зошто сега се фаворити против бундеслигашот.

Виктор Ѓокереш, Гавриел Жезус, Каи Хаверц и Букајо Сака се главните адути на гостите, додека Фармацевтите лекот за Арсенал во нападот ќе го бараат преку Патрик Шик и Ернест Поку. Арсенал има девет победи во последните 11 средби во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести