Огромна победа за Партизан во Истанбул, актуелниот првак може да остане без плејоф во Евролигата!

Феноменално одиграната последна четвртина му помогна на Партизан да извојува многу значајна победа на гостувањето кај Анадолу Ефес.

Со овој триумф од 97-84, белградските Црно-бели направија голем чекор кон обезбедување место во плејофот, а Пиварите од Истанбул, кои се актуелни европски прваци, ќе имаат мака да влезат меѓу осумте најдобри кои ќе разигруваат за трофејот.

Ефес првата четвртина ја доби со 23-11, но потоа проработе нападот на Партизан, кога беше најпотребно погодуваа, а противникот не го следеше тој ритам, па српскиот тим е блиску до место во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести