Огромна поддршка и од прогнозерите, дури 90 проценти веруваат во победа на Македонија

Новото 13-то коло на Спортска прогноза е малку поинакво од стандардните и е микс од квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот во Катар со натпревари од послабите лиги во Европа.

На популарната Тринесетка има неколку дуели што може директно да одлучуваат кои репрезентации ќе се пласираат на Светското првенство што ќе се игра идната година, а ние се надеваме дека и Македонија сама ќе си ја крои судбината во трката за второто место во Ј групата и дека со победа против Исланд во Скопје на 14 ноември ќе обезбеди место во дополнителните баражи.

Нашата национална селекција очигледно ја има и поддршката од прогнозерите кои досега веќе ги направија своите стратегии и прогнозираа во 13-тото коло и дури 90 проценти од нив веруваат дека Македонија ќе го победи Исланд.

И за вас воопшто не е доцна да се приклучите, време има до сабота, до 15 часот, кога почнува првиот меч што е на менито во 13-тото коло на Спортска прогноза меѓу Босна и Херцеговина и Финска.

Сè што ви треба за да играте за вредни награди, меѓу кои се истакнува прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“, е да имате СЛ картичка од Sport Life, која како и учеството во карванот на Спортска прогноза е бесплатна.

Спорт Манија и Sport Life веќе четврта сезина ја организираат забавната и бесплатна игра и ги наградуваат и утките.

Со еден промашен пар, или со 12 погодоци добивате ваучер од 1.000 денари што можете да го одиграте во Sport Life, а со две промашувања, или со 11 погодени мечеви ви следува ваучер од 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести