Ако за дуелите Јувентус – Рома и Манчестер јунајтед – Евертон најголем дел од прогнозерите кои досега типувале за 22-рото коло на бесплатната Спортска прогноза си имаат свој фаворит и типувале на единица, тогаш голема е поделеноста околу дербито на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Манчестер сити.
Засега, по 34 проценти од играчите типувале на победа на Ливерпул и нерешено, а 31 отсто сметаат дека Манчестер сити ќе слави на мечот од 17.30 часот в недела, кој е во фокусот на колото на Спортска прогноза. Двете екипи ги освојуваа последните три шампионски круни во англиското првенство, а актуелниот првак Ливерпул заостанува седум бода зад популарните Граѓани (Сити има и меч помалку) и ако не победи, ќе му биде многу тешко да ја одбрани титулата која лани ја грабна на доминантен начин.
Терминот до кој може да типувате е сабота, во 13.30 часот, кога почнува првиот дуел од основната понуда со 13 натпревари.
Околу италијанското дерби меѓу Јувентус и Рома, над 87 проценти типувале единица, а за другиот манчестерско-ливерпупски дуел, оној на Јунајтед и Евертон, речиси 78 отсто сметаат дека ќе победат Црвените ѓаволи.
Уште се чека мајсторот за типување што прв ќе ги погоди сите 13 натпревари во едно коло и ќе го добие прекрасниот „ајфон 11“ што го доделуваат Sport Life и Спорт Манија. Ги наградуваме и утките, па со 12 погодени натпревари се добива ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите на уплатните места на Sport Life. Со две промашувања и 11 погодени парови се добива ваучер од 500 денари.
Со секое изминато коло расте неизвесноста и во битката за врвот во Генералниот пласман.
Секое коло е приказна за себе, па ако и досега не сте биле дел од Спортска прогноза, може да се вклучите и сега. Потребно е само да имате Sport Life картичка и преку вашиот профил БЕСПЛАТНО да ги дадете вашите прогнози, а со тоа да бидете во трка за освојување на вредните подароци.