Огромна радост, по 65 години се пласираа во англискиот Чемпионшип

Линколн сити обезбеди промоција во англискиот Чемпионшип по драматичната победа од 2-1 над Рединг во 42-рото коло од англиската Лига Еден (трета лига по квалитет во Англија).

Решавачкиот гол беше постигнат во продолжението во 96-та минута и ја обезбеди историската победа. Така Линколн стана првиот клуб во четирите професионални нивоа во Англија, што официјално обезбеди промоција оваа сезона. Пет кола пред крајот на сезоната, тимот од Линколншир не може да падне под првите две позиции на табелата.

Ова го означи враќањето на клубот во втората лига на англискиот фудбал за првпат од 1961 година, со што заврши 65-годишното чекање тимот да се врати во Чемпионшип. Само Кру Александра имала подолга пауза помеѓу два настапи на ова ниво, со отсуство од 102 години помеѓу 1895 и 1997 година.

Линколн, кој е основан во 1884 година, никогаш не бил дел од Премиер лигата и можеби тоа ќе им претставува следната голема цел, но во моментов не се мисли на тоа, слават и уживаат во пласманот во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести