Репрезентативната пауза е голема главоболка за клубовите и тренерите коишто стравуваат од повреда на своите играчи.
Слична е ситуацијата во Ливерпул, каде што Јирген Клоп најверојатно нема да може да смета на деветмина играчи во големото дерби против Арсенал, кое се игра на 20-ти овој месец.
Наби Кеита и Роберто Фирмино се повредија уште пред репрезентативната пауза, а за Бразилецот се најавува враќање дури во јануари.
Џордан Хендерсон и Садио Мане предвреме го напуштија кампот на Англија и Сенегал.
Енди Робертсон беше заменет на последниот меч за Шкотска поради повреда на бутниот мускул.
Од поодамна повредени се Џо Гомез, Џејмс Милнер, Куртис Џонс и Харви Елиот.