Викенд понудата традиционално носи и мераклиски Бет билдер опции за неколку натпревари од фудбалска Европа. За денеска, во изборот се шест натпревари на кои има по две билдерски понуди на кои квотите се движат меѓу 10.5 и 16.
Возбудувањата ќе започнат уште во 13:30 часот со дуелот Нотингем форест – Челзи, каде една од двете опции носи коефициент од 13. Тој ќе биде добитен ако: Челзи победи, Жоао Педро даде гол, има над 4,5 картони и има над 10,5 корнери.
За дуелот Манчестер сити – Евертон, квота од 13 се нуди, а потребно е: Сити да победи, Халанд да го даде првиот гол, Сити да изведе над 6,5 корнери и Сити да постигне гол во двете полувремиња.
За германското дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд двете комбинации се со квота од 14. За една од нив да е добитна, потребно е: Баерн Минхен да победи, Хари Кејн да биде стрелец на првиот гол, двата тима да дадат гол, двата тима да добијат картон.
За италијанското дерби меѓу Рома и Интер може да се најде билдерска понуда и со квота од 16, а комбинациите за да е добитна се: Рома да победи, Артем Довбик да даде гол, двата тима да дадат гол, да има над 7,5 корнери.