Огромни квоти да има пенали и на Португалија – Мароко, а ако дојде до тоа, Африканците се фаворити!

Според звучноста на ривалот кој го има, Португалија треба најлесно да помине во четвртфиналната пресметка и да се избори за место меѓу најдобрите четири селекции во светот. Мароко ќе се обиде да направи нешто што никогаш во историјата на успало на ниту една африканска репрезентација, а тоа е пласман во полуфинале на СП.

Иако е неизвесно дали Кристијано Роналдо ќе биде во стартниот тим на Португалија или повторно ќе започне од клупата за резерви, тој е главен фаворит за стрелец на првиот гол. По него следи Рамош кој блесна против Швајцарија и постигна хет-трик.

И кај Мароко главен фаворит за стрелец на првиот гол е играч кој воопшто не играше во дуелот против Шпанија во осминафиналето, а тоа е Хамдалах со квота 8. По него следуваат Ен Насри и Зијеш кои беа во стартната постава во нападот против Шпанија.

Мароко игра одлична одбрана и во трите меча со европски селекции не прими ниту еден гол од Хрватска, Белгија и Шпанија, па затоа може и да се бара времето на првиот погодок да биде во некој од границите што се зададени во второто полувреме.

Вчерашните два четвртфинални дуели беа драматични и по 120 минути немаше победник, па мораа да се шутираат пенали. Одлични се квотите за и на овој меч да се решава победникот на пенали. Мароко веќе имаше еден успешен пенал-рулет против Шпанија, а сега на ист начин да ја исфрли Португалија е со квота 10. Интересно е дека квотата за Португалија да победи на пенали е дури 13.

- Оглас -

Најнови вести