Дејан Кулушевски доби огромно признание, откако е прогласен за најдобар млад играч во Италија, во изборот на Серија А.
Шведскиот репрезентативец со македонски корени играше фантастична сезона и со 10 гола и 8 асистенции има учинок во Топ-5 лигите како ниту еден фудбалер на возраст од 20 години.
Кулушевски од идната сезона ќе биде член на Јувентус, откако во зимскиот преоден рок потпиша за шампионот на Италија за сума од 35 милиони евра, што со бонуси може да скокне до 44 милиони евра.
Најдобар фудбалер на Италија за сезоната 2019/20 е Пауло Дибала. Опасниот офанзивец на Јувентус е МВП на Лигата ,а Старата дама и старо-нов шампион во Калчото го има и најдобриот голман Војчех Шчесни.
Во трката за најдобар дефанзивец според Серија А победи одбранбениот фудбалер на Интер, Стефан де Фрај.
Во средниот ред конкуренцијата во најсилната италијанска лига ја надигра Алехандро Гомес од Аталанта, а честа на италијанските фудбалери ја одбрани Чиро Имобиле.
Најдобриот стрелец и во Италија, но и Златна копачка на Европа очекувано го доби признанието за најдобар напаѓач во сезоната што заврши минатиот викенд.