Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид ги заокружи сите детали околу големиот трансфер на аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварез од Манчестер сити. Тој успешно ги мина медицинските прегледи и се очекува само официјална потврда на овој трансфер.
Атлетико Мадрид ќе плати вкупно 95 милиони евра за ангажманот на Алварез, од кои 75 милиони евра во готово, плус 20 милиони евра во форма на бонуси.
Аргентинскиот фудбалер играше за Манчестер сити од 2022 година, но не беше среќен со минутажата која му ја додели менаџерот Пеп Гвардиола. Поради ова прифати трансфер во Атлетико Мадрид каде очекува да биде еден од главните играчи на шпанскиот клуб.