Охрид ѝ даде 10 гола на Победа, Скопје има четири од четири пролетва

Фудбалерите на Охрид остануваат на лидерската позиција во Втората лига, откако на домашен терен славеа над поранешниот шампион на Македонија, прилепска Победа, со неверојатни 10-0. Давид Матеска постигна четири гола, а по двапати во листата со стрелците се запишаа Јахја, Бакрачески и Јаневски.

Со два бода помалку на втората позиција во второлигашката конкуренција сега е Скопје, екипа која дојде до ефект од четири победи на четирите пролетни меча. „Пиратите“ од Автокоманда со 2-0 беа подобри од Осогово на домашен терен, а победи ова коло забележаа и екипите на Брегалница Штип и Беласица.

Во борбата за опстанок, значајни победи за екипите на Тетекс, Кожуф и Саса, па се чини дека токму оваа тројка ќе игра во баражот за задржување на второлигашкиот статус.

Резултати:

Охрид – Победа 10-0
Преспа – Кожуф 1-3
Новаци – Брегалница 1-3
Саса – Вардар Н. 1-0
Скопје – Осогово 2-0
Детонит П. – Беласица 0-1
Слога В. – Тетекс 0-3

Табела: 1. Охрид 43, 2. Скопје 41, 3. Брегалница 40, 4. Шкендија А. 39 (-1), 5. Беласица 37 …

Утре се игра мечот Големо Коњари – Шкендија Арачиново.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести