7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Охрид е есенски првак во Втората лига

ГФК Охрид и Тетекс ја затворија календарската година со убедливи победи во Втората македонска фудбалска лига, а токму нивните резултати го одредија и новиот есенски првак во лигата.

Охридци ги добија двете заостанати средби и благодарение на тоа се искачија на врвот, симнувајќи ја Шкендија Арачиново од лидерската позиција. Во денешниот последен натпревар, Рибарите беа подобри од Слога Виница со 0-2, со головите на Албнор Каба и Андреј Ристовски.

Тетекс, пак, одигра вистински голеадски меч против Големо Коњари и славеше со 6-2. Азис Јамини постигна два погодоци, а стрелци беа уште Славчо Мисајловски, Алтин Нурединовски, Рихан Зеќири и Агон Елмази. Гостите возвратија преку Зоран Даноски и Нермин Каришиќ.

Пролетниот дел од сезоната во Втората лига продолжува во февруари.

- Оглас -

Најнови вести