Додека првата лига е на пауза поради репрезентативните настапи, второлигашите ќе го одиграат редовното трето коло. Два од седумте меча кои се играат денес може да ги најдете во понудата на Sport Life, а фаворитските улоги ги имаат Охрид и Шкендија Арачиново.
Охриѓани на домашен терен го очекуваат составот на Осогово, а квотата во понудата на Sport Life за победа на домашните е 1.68, додека изненадување на гостите од Кочани има квота од 4.35.
На скопска „Автокоманда“ се игра дербитно на колото помеѓу Скопје и Шкендија Арачиново. Фаворитската улога ја имаат гостите со квота за победа од 1.78. Победата на Скопје има квота од 3.80.
Денес од 16 часот се играат и натпреварите: Детонит – Слога, Големо Коњари – Беласица, Новаци – Вардар, Преспа – Победа и Саса – Кожуф, додека мечот Брегалница – Тетекс ќе се одигра во понеделник.