Охрид го потврди фаворитското место со убедлива победа над Тиквеш во полуфиналето од Купот на Македонија, славејќи со 42-25.
Домаќините го наметнаа својот ритам уште во првите минути со серија од 6-0, а на полувреме заминаа со комфорно водство од 11 голови (23-12).
Во продолжението, Тиквеш не најде начин да се спротивстави на расположениот тим од Охрид, кој целосно доминираше на теренот, па конечниот резултат не изненади никого.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Прибетиќ со девет гола, а голманот Ѓорѓески имаше осум одбрани.
Второто полуфинале од оваа група е закажано за утре, со натпревар меѓу Куманово и Младост, додека финалето, кое ќе одлучи кој ќе патува на завршниот турнир, ќе се игра во недела.

