-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Охрид го „растури“ Еурофарм Пелистер и се вклучи во борбата за титулата

Ракометарите на Охрид му нанесоа убедлив пораз на актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, со 29-25, во меч од 17-тото на Супер лигата. Охриѓани со оваа победа се вклучија во битката за титулата, но и му направија услуга на Вардар, кој иако загуби во вечното дерби, сепак се врати на +4 пред Еурофарм Пелистер.

Охрид речиси во целото прво полувреме имаше водство, а битолчани само двапати имаа предност, 3-4 и 4-5. На паузата се замина со водство на домашните од 13-11, иако Охрид имаше и највисоки +3.

Во вториот дел следуваше комплетна доминација на домашниот состав. Предноста постојано растеше, а во 52-рата минута беше 27-18 за Охрид и тука некаде прашањето околу победникот во „Билјанини извори“ беше решено.

На крајот, Еурофарм Пелистер со серија од 3-0 успеа само да го ублажи поразот, а резултатот на семафорот на крајот гласеше 29-25 за Охрид.

Стефан Петриќ со седум гола беше најефикасен во победничкиот состав, додека Дејан Манасков постигна осум гола.

Во ракометната Супер лига во водство е Вардар со 32 бода, пред Еурофарм Пелистер со 28, додека Охрид и Алкалоид имаат по 27.

- Оглас -

Најнови вести