Охрид ќе добие стадион каков што заслужува, почнува изградбата на нова трибина (Фото)

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, која беше во лоша состојба и неупотреблива.

По завршување на комплетниот проект, на трибините на стадионот ќе има над 8.000 седишта, со тоа тоа стадионот ќе добие А лиценца за одигрување на натпревари и на репрезентативно ниво.

Исто така објектот ќе добие и модерно осветлување, а се планира и нова трева со најнова технологија, нешто како на националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Новата трибина ќе има капацитет од 3.500 седишта и ќе вклучува современи содржини како осум скај-боксови за ВИП зони, медиумски центар и други простории според меѓународни стандарди.

На свеченоста за отпочнување на работите присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, членовите на Управниот Одбор на ФФМ, Тони Иваноски и Џевад Дибрани, како и претседателот на Општинскиот Фудбалски сојуз на Охрид, Цане Милошоски.

 

- Оглас -

Најнови вести