5.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Охрид оди на победа и на гостувањето во Прага за сигурен пласман во четвртфиналето на Европскиот ЕХФ куп

Екипата на ГРК Охрид е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европскиот ЕХФ Куп. Охриѓани победија со 30:21 на првиот меч во „Билјанини извори“ против Дукла Прага, а попладнево ќе гостуваат во Полска и рутински треба да ја задржат убедливата предност.

Иако девет погодоци е одличен капитал, капитенот на Охрид, Гоце Ојлески верува дека неговите соиграчи треба да „заборават“ дека славеле убедливо на првата средба и дека во реваншот мора да бидат фокусирани да одиграат најдобро што може, да се обидат да победат повторно, за убедлив пласман во четвртфиналето.

„Првиот меч го добивме со девет голови разлика. На моменти имавме и поголема разлика, но имавме еден мал пад во финишот на мечот. Не можам да кажам дали ќе биде доволно таа предност за да одиме понатаму во ова натпреварување. Ова е нов меч, треба да одиграме квалитетно, да го дадеме максимум. Се подготвуваме најдобро што можеме, ќе се обидеме повторно да победиме. Дукла Прага е борбена екипа која не се предава и сигурно ќе биде тежок дуел, но верувам дека ќе се пласираме во следната фаза “, рече Ојлески.

Актуелен освојувач на овој ЕХФ Куп е екипата на Алкалоид, а оваа година токму Охрид е македонскиот адут за трофејот повторно да заврши во витрините на еден наш клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести