Охрид подготвува спектакл, сите се подготвени за нова победа над Грците

Ракометниот тим на Охрид е на чекор од пласман во полуфиналето на ракометниот Европски куп на ЕХФ. Охриѓани во првиот меч на гостински терен го победија Олимпијакос со 31:26 и денеска од 18 часот пред своите навивачи во „Билјанини извори“ ќе го играат реванш дуелот против грчкиот тим.

Иако Охрид е во добитна позиција и ќе има голема поддршка од навивачите кои ќе ги исполнат трибините во салата, сепак постои претпазливост.

„Имаме предност од 5 гола од првиот натпревар, но тоа е опасен резултат во модерниот ракомет. Ништо не е готово, претстои реванш во кој влегуваме со четворица повредени играчи и затоа не треба да не залажува победата остварена на гостински терен. Ни треба голема поддршка од публиката да оствариме пласман во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп“, истакаа тренерот Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески во пресрет на денешниот меч.

Интересно е дека актуелен освојувач на овој куп е тимот на Алкалоид кој во ланското финале на гости го победи АЕК од Атина, но потоа Грците одбија да го играат реваншот во Скопје и автоматски трофејот припадна на тимот од Автокоманда. Сезонава, Охрид атакува на освојување на овој трофеј во третото по ранг натпреварување на ЕХФ.

- Оглас -

Најнови вести