Охридскиот маратон сепак ќе прослави 60-годишен јубилеј – АМС објави дека ќе биде организатор

Агенцијата за млади и спорт објави дека јубилејната трка на охридскиот маратон сигурно ќе биде одржана откако се крена голема бура во јавноста во Македонија и откако вчера беше објавено дека нема да се прослави 60-годишниот јубилеј поради беспарица.

„Нема да дозволиме спортски настан со огромна традиција и препознатлив и во Македонија и во светот да не продолжи со својата традиционална трка. Маратонот во Охрид ја става дражавата на спортската мапа на светот и сигурно ќе си го прослави и 60-годишниот јубилеј, а ние како Агенција за млади и спорт ќе ја преземеме организацијата на охридскиот маратон“, објавија Наумче Мојсовски и АМС.

Директорот на АМС, Мојсовски, за утре во 10 часот во Охрид закажа прес-конференција на која ќе бидат образложени сите детали за одржување на маратонот.

- Оглас -

Најнови вести