Охридските Гладијатори спремни за саботната европска битка

Уживање за охридската публика најавува голманот на ГРК Охрид, Градимир Чаневски, пред првиот натпревар од второто коло од ЕХФ Европски куп во ракомет. Во салата „Билјанини извори“ в сабота од 19 часот ќе гостува романскиот тим Потаиса Турда.

„В сабота нè очекува европски меч против можеби еден од фаворитите во овој европски куп. Тие се одлична екипа составена од доста искусни и квалитетни романски репрезентацивци, и квалитетни странци. Имаме и ние квалитет да се спротивставиме, да одиграме еден добар натпревар, да направиме да биде празник за Охрид, да ужива публиката, а и ние тоа уживање да го направиме уште поубаво со една победа, па после реваншот да видиме каков ќе биде конечниот исход“, вели искусниот Чаневски.

- Оглас -

Најнови вести