Охриѓанец за добро утро дозна дека е побогат за 227 илјади денари

Два добитни тикети, еден уплатен во Охрид, друг во Радовиш, заслужија да се најдат пред очите на јавноста бидејќи се пример дека и во овие жешки летни денови со малку знаење, храброст и среќа може да заработите големи суми пари кои добро би ви дошле.

Во објектот на Sport Life, наречен Охрид 3, еден прогнозер со уплата од само 25 денари, стигна до фантастична добивка од 227.025 денари.

Тикетот е уплатен во средата и на него има 13 фудбалски мечеви. Откако ги погоди исходите на првите 12, последен меч што го чекаше прогнозерот за добивка му беше оној помеѓу Лос Анџелес ФК и Минесота, каде што е типувано единица во прво полувреме. Благодарение на погодокот на мексиканската ѕвезда Карлос Вела во 40-тата минута, Лос Анџелес поведе со 1-0 и со тој резултат се замина на полувреме.

По полноќ почна уште еден меч од тикетот, од бразилската Серија Б, на кој Аваи го победи Ремо со 1-0, со гол од пенал во 80-тата минута. Таму беше типувано на единица како конечен тип.

На тикетот доминираат прогнози за 1 или Х во прво полувреме, а има и конечен тип и комбинација на полувреме-крај со број на голови.

РАДОВИШАНЕЦ ПОГОДИ ДЕКА ЈАПОНИЈА ЌЕ ЈА ПОБЕДИ ЦРНА ГОРА ВО ЖЕНСКИ РАКОМЕТ, КВОТАТА БЕШЕ 14

Одличен добитен тикет во Sport Life беше исплатен и во Радовиш. Во објектот Радовиш 2 еден играч уплатил 250 денари и се обложил на четири мечeви од женскиот ракометен и машкиот кошаркарски турнир на Олимписките игри во Токио. Добивката е 264.600 денари, а овој прогнозер погоди неколку изненадувачки исходи.

Една од погодените квоти е дури 14, за сензационалната победа на женската селекција на Јапонија против фаворитот Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести