Охриѓанецот Чеди Осман потпиша четиригодишен договор со Кливленд вреден 31 милиони долари

Чеди Осман го продолжи договорот со Кливленд кавалирс и во следните 4 години ќе заработи 31 милион долари. Еден од омилените играчи на Леброн Џејмс веќе го потпиша новиот договор со кој првата сезона ќе има годишна плата од 8,6 милиони долари, а потоа таа ќе се зголемува секоја наредна сезона.

Осман има македонско потекло, роден е во Охрид, но игра за турската кошаркарска репрезентација. Во НБА беше драфтуван во 2015 година како прв пик во втората рунда од Минесота тимбервулфс.

Веднаш, истата ноќ кога се одржуваше драфтот, Чеди беше разменет во Кливленд за Тајс Џонс и права на еден од наредните драфтови, што Кавалирс им ги предадоа на Вулфс.

Во првата сезона одигра 61 меч во НБА и имаше просек од 3,9 поени, а потоа напредуваше до 13 поени во просек во ланската сезона.

- Оглас -

Најнови вести